MK EN

Добредојдовте на нашата web страна

   Добрeдојдовте на нашата web локација, каде што можете да видите дел од нашите производи и услуги. Се надеваме, дека ке пронајдете  нешто интересно  и за Вас.

   Компанијата Мулти Медија е формирана 1996 год., со главна цел да обезбеди квалитетни и атрактивни рекламни материјали, во делот на внатрешно и надворешно рекламирање-претставување на клиентите. За таа цел, команијата во делот на својата  техничката опременост  вбројува:

  •  Ласер “DWIN 1325” со работна површина 1300х2750мм

  •  ЦНЦ рутер МИКРОСАМ  со работна површина 1980х3200mm и промелива глава со 4 типа на глодала.

  •  ЦНЦ рутер МИКРОСАМ  со работна површина 780х1040mm и глава со 1 тип на глодалао.

  •  ЛАСЕРСКИ ЦНН рутер  со работна површина 1300х900mm.

  •  HP latex L330 печатач за печатење на разни видови материјали по највисоки стандарди, со ширина 1600мм.

  •  MIMAKI печатач за високо квалитетна дигитална штампа на разни видови материјал, ПВЦ фолија, Винилно платно, Mesh платно, ONEWAYVISION фолија, со ширина 1600mm

  •  MIMAKI катер за фолија со ширина 1600mm. 

  •  ROLAND катер за фолија со ширина 600mm.  

  •  ФЕЛДЕР К940Ц машина за кроење на дрво и иверка со лизгачка шина.

  • Плазма CEBORA, пили за обработка на алуминиум, циркулар за обработка на дрво, дихт машина, дребонг, шлајферка за обработка на дрво со широчина 3м ,професионални фрези со маса ......

   Покрај техничката опременост, компанијата располага и со високо квалитетен и професионален стручен тим од 29 вработени, кои се подготвени за квалитетно и навремено извршување на работните обрски,  со цел, за задоволување на потребите на нашите клиенти.

   Освен елеметите за надворешно и внатрешно рекламирање, како што се различни форми и изведби на светлосни  и несветлосни реклами, компанијата во својата лепеза на производи  нуди и производи од плексиглас, архитектонски проекти, мебел, спуштени растегливи плафони, фасади од алуминиумски композитен панел...

   Во поново време, компанијата е вклучена во изведба на бензиски станици, во чија изведба се вклучени повеќе елементи и производи од нашиот  домен на производство- светлосни фризни реклами, реклами над апарати за точење гориво, светлосни опшивки за столбови, фасади, јарболи, полиестерски капаци за резерворари, светлосни патоказни знаци и разни видови печатени и катирани налепници.

  Во основа, тоа е во кратки црти профилот на нашата компанија, се надеваме на идна соработка.

 

 

 

Популарни производи

w
w
w